ГРАЃАНИТЕ  И ФИРМИТЕ НЕМА ДА ПЛАЌААТ ДОЛГОВИ КОН БАНКИТЕ ВО СЛЕДНИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ, НАЈАВИ МИНИСТЕРКАТА АНГЕЛОВСКА НОВА УРЕДБА НА ВЛАДАТА

    ГРАЃАНИТЕ  И ФИРМИТЕ НЕМА ДА ПЛАЌААТ ДОЛГОВИ КОН БАНКИТЕ ВО СЛЕДНИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ, НАЈАВИ МИНИСТЕРКАТА АНГЕЛОВСКА НОВА УРЕДБА НА ВЛАДАТАМинистерката за финансии Нина Ангеловска рече дека некои банки можеби ќе понудат повеќе од три месеци, бидејќи, како што разговарале со банките, има волја да одложат и шест месеци. (Фото: Влада)

    Министерката за финансии Нина Ангеловска најави дека неделава, можеби уште утре, Владата ќе донесе уредба со која ќе се воведе мораториум на исплата на долгови кон банките на физички и правни лица.

    „Уредбата треба да помине на владината седница неделава, можеби уште утре. Зборот мораторум можеме да го искористиме. Граѓаните нема плаќаат долгови во следните три месеци. Со уредбата се уредува одлагањето на ратите и долговите на граѓаните и фирмите и истото да може да се направи без одење во банка и без потпишување на анекс. Уредбата вели дека секоја банка ќе објави на својата веб страна или ќе го извести својот клиент за поповолните услови, односно одлагање на обврските и доколку физичкото лице во рок од десет дена не се произнесе, односно не каже дека ја одбива одлуката, ќе се смета дека поповолната понуда за одлагање е прифатена. Понуди ќе добијат и приватните фирми“, кажа Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

    Таа рече дека некои банки можеби ќе понудат повеќе од три месеци, бидејќи, како што разговарале со банките, има волја да одложат и шест месеци.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари