ГРАЃАНИТЕ КОИ ПРИМААТ САМО ПЕНЗИЈА И СЛЕДНИТЕ СЕДУМ ГОДИНИ НЕ ТРЕБА ДА ПОДНЕСУВААТ ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ВО УЈП

    ГРАЃАНИТЕ КОИ ПРИМААТ САМО ПЕНЗИЈА И СЛЕДНИТЕ СЕДУМ ГОДИНИ НЕ ТРЕБА ДА ПОДНЕСУВААТ ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ВО УЈПДо денес на електронскиот регистар во УЈП се пријавиле 300.000 граѓани, кажа директорката на УЈП Сања Лукаревска (Фото:СДК.МК)

    Пензионерите кои примаат само пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) не мора да се поднесуваат годишна даночна пријава во Управата за јавни приходи (УЈП) и не мора да се пријавуваат на електронскиот систем е-персонален данок.

    Директорката на УЈП Сања Лукаревска кажа дека со новиот Закон за личен доход во наредните седум години се одложува обврската за доставување на годишна даночна пријава за граѓаните кои како доход остваруваат само пензија од ПИОМ.

    „Од 2018 до 2024 пензионерите кои имаат само пензија се ослободени од секаква обврска кон УЈП од поднесување годишна даночна пријава и немаат никаква обврска за регистрација во системот“, кажа Лукаревска.

    Таа кажа дека од податоците со кои располагаат има 45.000 пензионери кои освен пензија имаат и други приходи и дека и тие треба да се регистрираат. Оние што од какви било причини не можат да се регистрираат сами, Лукаревска рече дека може да се јават на контакт телефонот во УЈП и да повикаат мобилна екипа да ги регистрира.

    „До денес на електронскиот систем е-персонален данок се регистрирани 300.000 граѓани, а според нашите проценки треба да се регистрираат 900.000 граѓани. Наши тимови се на терен во државните и јавни институции, и во приватните компании кои се поголеми. Граѓаните во Скопје може да се обратат и во нашите регионални канцеларии во Аеродром, Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров“, рече Лукаровска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира