ГРАЃАНИТЕ ОД КАРПОШ 4 СОБРАА ПОТПИСИ ПРОТИВ ПЛОШТАДОТ ШТО ОПШТИНАТА САКА ДА ГО ГРАДИ ВО ПАРК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРАЃАНИТЕ ОД КАРПОШ 4 СОБРАА ПОТПИСИ ПРОТИВ ПЛОШТАДОТ ШТО ОПШТИНАТА САКА ДА ГО ГРАДИ ВО ПАРК

    Списокот со потписи од граѓани кои се против изградба на плоштад на местото на сегашното зеленило во Карпош 4 е предаден во Општина Карпош.
    Граѓаните со потписите  доставија и барање да се поништи одлуката за изградба на плоштадот.
    „Сметаме дека изградбата на овој плоштад сериозно ќе ги наруши правата на жителите загарантирани со Уставот (член 43) и начелата загарантирани со член 4 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, според кој, меѓудругото, се предвидува рационално уредување и користење на просторот, услови за хумано живеење и работа на граѓаните. Бараме Општината, чија должност и обврска е да ги заштитува нашите граѓански права, да има слух за желбите и интересите на жителите и да ја поништи одлуката за изградба на непосакуваниот плоштад. На ваков начин сметаме дека ќе се спречи и непродуктивно трошење на средства, спротивно на интересот на жителите“, стои во барањето на жителите на Карпош 4.
    Доколку Општината не им го уважи барањето, жителите најавуваат дека ќе преземат мерки за да го спречат уништувањето на паркот, согласно Законот и Уставот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира