ГРАЃАНИТЕ ВО АПРИЛ ПОВЛЕКЛЕ РЕКОРДНИ 58,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД БАНКИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    ГРАЃАНИТЕ ВО АПРИЛ ПОВЛЕКЛЕ РЕКОРДНИ 58,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД БАНКИТЕ

    Граѓаните повлекле рекордни 58,5 милиони евра (3,6 милијарди денари) од банките во април годинава, што е 1,6 отсто од вкупните депозити на населението. За ова денеска информираше гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, на редовната средба со банкарите во Стопанска комора на Македонија.

    „Народната банка интервенираше со 77 милиони евра на пазарот. Повлекувањето на оваа огромна сума на пари од страна на граѓаните беше реален стрес-тест за банките, кои поради добрата ликвидност, капитализација и високо ниво на девизи, успеаја да се справат со кризата“, додаде Богов.

    Ваквото масовно повлекување на средства од страна на граѓаните беше поврзано со шпекулациите за наводна девалвација на денарот и вештачки создадената криза на менувачкиот пазар на девизи.

    Според гувернерот Богов, за разлика од кризите во 2001 и 2008 година кога исто така имало капитално одлевање на парите од банките надвор од државата, денес овие пари на граѓаните се во државата, односно се под перница и во сефови, за кои како што рече, исто така била зголемена побарувачката.

    Тој информираше дека ситуацијата на пазарот се стабилизира, а мерките кои Народна банка ги донесе, меѓу кои и зголемување на референтната каматна стапка за 0,75 проценти, ќе важат до целосно стабилизирање на ситуацијата.

    Претседателот на Здружението на банкари, Коста Митровски истакна дека постои тренд на враќање на средствата во банките каде што се креираат нови орочени депозити.

    Тој апелираше до штедачите кои ги повлекле заштедите да ги вратат во банките каде што се најсигурни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари