ГРЧКИОТ ДИПЛОМАТ МИХАЛИС РОКАС ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ДЕЈВИД ГИР КАКО АМБАСАДОР НА ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА

    ГРЧКИОТ ДИПЛОМАТ МИХАЛИС РОКАС ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ДЕЈВИД ГИР КАКО АМБАСАДОР НА ЕУ ВО МАКЕДОНИЈАРокас е актуелен амбасадор на ЕУ во Малезија

    Грчкиот дипломат Михалис Рокас ќе биде новиот амбасадор на Европската Унија во Македонија, при што на оваа функција ќе го замени Дејвид Гир. Рокас, кој неколку децении работи во европската дипломатија, е актуелен амбасадор на ЕУ во Малезија.

    Рокас е дел од амбасадорските промени на Западен Балкан, што ги предложи водечкиот европски дипломат Жозеп Борел.

    Бившиот словенечки претседател Борут Пахор ќе го замени Словакот Мирослав Лајчак во улогата на специјален претставник за дијалог помеѓу Косово и Србија, додека нов шеф на канцеларијата на ЕУ во Приштина ќе биде Аиво Орав, кој порано беше амбасадор на ЕУ во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира