ГРЧКИОТ ВРХОВЕН СУД ГО ОДЛОЖИ РОЧИШТЕТО ЗА ЕКСТРАДИЦИЈАТА ОТИ ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ НЕ САКАЛЕ БУГАРСКИ ПРЕВОД

    ГРЧКИОТ ВРХОВЕН СУД ГО ОДЛОЖИ РОЧИШТЕТО ЗА ЕКСТРАДИЦИЈАТА ОТИ ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ НЕ САКАЛЕ БУГАРСКИ ПРЕВОДПротив Грујевски и Бошкоски во Грција се води и судски процес за фалсификуваните бугарски пасоши со кои што на 18 октомври минатата година беа фатени на аеродромот во Солун при обид да заминат за Унгарија.

    Врховниот суд во Атина утринава го одложи за 2 март рочиштето на кое што требаше да биде разгледана жалбата на одлуката за екстрадиција на Апелацискиот суд во Солун за Горан Грујевски и Никола Бошкоски, бидејќи немало македонски преведувч, јави дописникот на државната агенција МИА од Атина.

    Адвокатите на ексначалникот на Петтата управа во МВР Грујевски и вработениот во УБК Бошкоски, обвинети во случајот „Тврдина/Таргет“ на СЈО, побарале одложување затоа што немале време да го разгледаат предметот и затоа што не бил обезбеден преведувач на македонски јазик. Во Судот имало преведувач на бугарски јазик, но одбраната инсистирала на македонски превод. Грујевски и Бошковски од Врховниот суд се вратени во атинскиот затвор.

    Против двајцата бегалци во Грција се води уште еден судски процес, оној за фалсификуваните бугарски пасоши со кои што на 18 октомври минатата година беа фатени на аеродромот во Солун при обид да заминат за Унгарија. Ова рочиште, досега неколку пати одложувано, е закажано за 17 мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира