ГРУБИ РАЗГОВАРАЛ СО КИНЕСКИОТ АМБАСАДОР ЗА 5Г МРЕЖА

    ГРУБИ РАЗГОВАРАЛ СО КИНЕСКИОТ АМБАСАДОР ЗА 5Г МРЕЖАПрвиот вицепремиер Груби му се заблагодари на амбасадорот Ѕуо за донациите дадени од Народна Република Кина за Северна Македонија во медицинска помош со цел да се спречи ширењето на вирусот ковид-19. (Фото: Влада)

    Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо на денешната средба разговарале за стратешките електронски комуникации и 5Г мрежата, соопштија од неговиот кабинет.

    „Груби пред кинескиот амбасадор изрази интерес за автопатот Кичево-Охрид-Струга и побара да се надминат сите пречки за што побрзо реализирање на проектот. Груби и Ѕуо разговараа и за стратешките електронски комуникации, 5Г мрежата и обврските што ги имаме како земја членка на НАТО и кон стратешките партнери“, се вели во соопштението.

    Американскиот претседател Доналд Трамп им забрани на американските компании да соработуваат или да купуваат телекомуникациска опрема од кинеската компанија „Хуавеи“, која произведува опрема за 5Г мрежата. Забрана за купување опрема за 5Г мрежа од „Хуавеи“ воведе и Велика Британија.

    Набавката на 5Г мрежа е спомената и во договорот меѓу Косово и Србија, потпишан на 4 септември во Белата куќа. Двете земји се обврзаа дека нема да набавуваат опрема за 5Г мрежа од „непроверени снабдувачи“ и ако веќе имаат набавено таква опрема, веднаш да ја отстранат.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира