Судскиот процес за незаконската градба на палатата на ВМРО-ДПМНЕ, во кој се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски, пак не почна, зашто Груевски непосредно пред почетокот му откажал полномошно на својот адвокат.
Место судијката Даниела Алексова-Стојановска веднаш да назначи адвокат по службена должност, таа го одложи судењето за 21 ноември 2019.
За разлика од неа, судијката Добрила Кацарска од истиов Основен суд Скопје 1 даде кратка пауза кога среде судење адвокат откажа полномошно на обвинет во организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, веднаш најде адвокат по службена должност и судењето продолжи без застој.
С. К. ДЕЛЕВСКА