Специјалното јавно обвинителство денеска ја отвори и истрагата „Талир“ за перење пари преку незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ во која првоосомничен е претседателот на партијата Никола Груевски, соопшти СЈО на денешната прес-конференција.
Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи кажа дека постои основано сомнение дека првоосмничениот, претседателот на партијата во периодот од 2009 до 2015 година овозможил финансирање на партијата спротивно на законските одредби и дека тоа го направил од лични мотиви со злоупотреба на службена должност и овластувања. Фетаи рече дека постои сомнеж за злоупотребени 4,9 милиони евра.
Претходно на прес-конференцијата, специјалната обвинителка Катица Јанева рече дека предмет на истрагата за перење пари не е политичката партија, туку запознавање на јавноста како поединци од раководството ја злоупотребиле партијата водени од лични мотиви.