ГРУЕВСКИ СЕ ПРИЈАВИ ВО СУД, ПА ОТИДЕ ДА ДОКТОРИРА

    ГРУЕВСКИ СЕ ПРИЈАВИ ВО СУД, ПА ОТИДЕ ДА ДОКТОРИРАЕкспремиерот Никола Груевски има обврска секој петок да се пријавува во Основниот суд Скопје 1. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот премиер Никола Груевски, обвинет во пет предмети на СЈО, од кои во еден е осуден на 2 години затвор, претпладнево беше во Основниот суд Скопје 1 да се пријави, обврска што ја има секој петок поради изречените мерки на претпазливост и одземениот пасош.

    По пријавувањето, Груевски отиде преку улица на Економскиот факултет, на одбрана на докторската дисертација. Дисертацијата на Груевски е насловена „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“.

    Груевски е осуден на 2 години затвор во случајот „Тенк“, за злоупотреби при набавка на службениот мерцедес од 600.000 евра, а пресудата уште не е правосилна. Му се суди и во случаите „Титаник“, „Траекторија“, „ТНТ“ и „Насилства во Центар“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира