ГРУЕВСКИ ЗА 20 ДЕНА МОРА ДА НАПРАВИ ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРУЕВСКИ ЗА 20 ДЕНА МОРА ДА НАПРАВИ ВЛАДА

    Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов му го врачи мандатот за составување на нова влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

    Мандатарот Груевски според Уставот, за 20 дена треба да му поднесе на Собранието состав на нова влада и програма за работа. За новата влада треба да гласаат мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Собранието(61).

    Собранието се конституираше на 30 декември минатата година. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  доби 51, Коалицијата предводена од СДСМ има 49 мандати, ДУИ- 10, Беса – 5, и Алијанса за Албанците – 3 и ДПА – 2.

    ДУИ, Движење Беса и Алијанса за Албанците на Божиќ, донесоа заедничка политичка платформа, со која ќе настапат во преговорите за учество во новата влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира