ГУВЕРНЕРОТ СЛАВЕСКИ ПОБАРА БАНКИТЕ ДА ГИ НАМАЛАТ ПРОВИЗИИТЕ, 18 ОСТО ОД ПРИХОДИТЕ ИМ СЕ ПО ОВОЈ ОСНОВ

    ГУВЕРНЕРОТ СЛАВЕСКИ ПОБАРА БАНКИТЕ ДА ГИ НАМАЛАТ ПРОВИЗИИТЕ, 18 ОСТО ОД ПРИХОДИТЕ ИМ СЕ ПО ОВОЈ ОСНОВСлавески на денешната средба со претставници на банките од Македонсаката банарска асоцијација (МБА) кажа дека надоместоците за платежните услуги треба да бидат на разумно ниво, одржливо за банките, но истовремено фер и прифатливо за корисниците, а некои треба и да се укинат. (Фото: Народна банка)

    Гувернерот на Народната банка Трајко Славески побара од банките да ги намалат надоместоците за извршување на плаќањата кои ги прават граѓаните. Според последните податоци на Народната банка од 2024, нето-приходите од банкарски провизии учествуваат со 18 проценти во вкупните нето-приходи на банките.

    Славески на денешната средба со  претставници на банките од Македонската банкарска асоцијација (МБА) кажа дека надоместоците за платежните услуги треба да бидат на разумно ниво, одржливо за банките, но истовремено фер и прифатливо за корисниците, а некои треба и да се укинат.

    „Надоместоците за одржување на платежна сметка за компаниите, иако се на слично ниво како кај матичните банки од ЕУ, сепак претставуваат висок трошок, посебно за малите и средните компании во земјата, поради што треба да се намалат. Надоместоците за користење на електронско и мобилно банкарство,  во услови кога се наплатуваат надоместоци за одржување на платежна сметка, претставуваат дополнителен трошок кој би требало да се укине имајќи предвид дека оваа услуга е вообичаено бесплатна за граѓаните кај матичните банки од ЕУ, а дел од нив не наплатуваат вакви надоместоци ни од компаниите. Надоместоците за плаќањата со платни налози во рамки на банката треба да се укинат имајќи предвид дека за нивно извршување не е потребно користење на платни системи кои создаваат трошоци за банките, а  оваа услуга е вообичаено бесплатна за граѓаните кај матичните банки од ЕУ“, рече гувернерот.

    Според Славески, треба значитено да се намалат и надоместоците за меѓубанкарските плаќања во домашната валута кои се извршуваат преку платните системи КИБС и МИПС, како што појасни, имајќи предвид дека ваквата услуга кај матичните банки од ЕУ за плаќањата во евра како национална валута во СЕПА е бесплатна или по многу ниски надоместоци за граѓаните, најмногу до 1 евро.  Исто така треба да се намалат и поедностават надоместоците за подигнувањето готовина на туѓи банкомати во земјата и странство кои кај некои баки се и во вид на процент од износот следејќи го моделот на поставеност кај матичните банки од ЕУ кои применуваат пониски и фиксни надоместоци по трансакција.

    Гуверенерот рече дека и надоместоците за прифаќање картички на продажни места кај трговците кои банките ги наплатуваат од трговците треба да се намалат, имајќи предвид дека меѓубанкарските провизии се ограничени со Законот за платежни услуги и платни системи и се сведени на нивоата во ЕУ.

    Гувернерот најави дека Народна банка ги намали надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира