ХИРУРШКИТЕ САЛИ ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ ОСТАНАТ ЗАТВОРЕНИ СÈ ДОДЕКА ОД ГЕРМАНСКА ЛАБОТАРОРИЈА НЕ СЕ ДОБИЕ ОДГОВОР ОД КАДЕ ДОАЃА СМРДЕАТА, КАЖА МИНИСТЕРОТ ДЕМИРИ

    ХИРУРШКИТЕ САЛИ ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ ОСТАНАТ ЗАТВОРЕНИ СÈ ДОДЕКА ОД ГЕРМАНСКА ЛАБОТАРОРИЈА НЕ СЕ ДОБИЕ ОДГОВОР ОД КАДЕ ДОАЃА СМРДЕАТА, КАЖА МИНИСТЕРОТ ДЕМИРИХируршките сали се затворени веќе девет дена поради хаварија на компресорскиот систем, а за итните случаи се поставени 6 надворешни компресори. (Фото: К. Попов)

    Хируршките сали во скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“  каде се шири реа ќе останат затворени сѐ додека не стигнат резултатите од земените примероци од компресорите, кои се пратени во Германија и сѐ додека трае истрагата на Основното јавно обвинителство (ОЈО) која ја побарав јас, рече денеска министерот за здравство Илир Демири. Додаде дека не знае кога би стигнале резултатите од Германија.

    Хируршките сали се затворени веќе девет дена поради хаварија на компресорскиот систем и како што кажа Демири, за итните случаи на скопските клиники се поставени 6 надворешни компресори, оти така не се чувствува непријатната миризба. Тие ќе послужат за итни неодложни интервенции кои се од покомплициран карактер на скопските клиники.

    Пациентите за неврохируршки операции се праќаат во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, а останатите во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“.

    Демири кажа дека хируршките сали на Клинички центар се стари околу 30 години. Инсталацијата за снабдување со кислород е е стара 30 години. Пред еден месец имало хаварија во компресорската станица, се расипал еден од компресорите и  дошло до оштетување, т. е. течело масло во тие цевки. Тој компресор бил исклучен од функција и клиниките продолжиле да функционираат со останатите два компресора, кои поминале технички преглед од две независни институции.

    „Пред девет дена, без да има хаварија се појави лоша миризба, веднаш реагиравме и ангажиравме надворешни фирми ‘Пегаз’ и ‘Трегер’  за да  испитаат. Бидејќи во Македонија нема лиценцирана лабораторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи за квалитетот за испорачаните гасови, испративме примероци во Германија. Извештајот од двете независни компании е дека не утврдиле никаков недостаток во квалитетот на гасови и препорачаа да се менуваат филтрите од компресорските станици“, рече министерот Демири.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира