ХИРУРЗИТЕ ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ ПОЧНАА НОВ И КРАТОК МЕТОД ЗА ЛЕКУВАЊЕ ПРОШИРЕНИ ВЕНИ СО КОЈ ПАЦИЕНТИТЕ СЕ ПОДВИЖНИ ПО ДВА ДЕНА

    ХИРУРЗИТЕ ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ ПОЧНАА НОВ И КРАТОК МЕТОД ЗА ЛЕКУВАЊЕ ПРОШИРЕНИ ВЕНИ СО КОЈ ПАЦИЕНТИТЕ СЕ ПОДВИЖНИ ПО ДВА ДЕНАПациентите се пуштаат по неколку часа по операцијата за разлика од другата метода, за која треба да седат 7 дена. Првата операција ја водеше д-р Елези. (Фото: ГОБ „8 Септември“)

    Васкуларниот хирург д-р Газменд Елези од Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ за првпат изведе неинвазивен понов третман на проширените вени (варикозни вени). Тој минатиот месец  ја спроведе ендоваскуларната процедура на решавање на проширените вени на екстремитетите со помош на радиофрекфентна аблација како неинвазивен понов третман. Оваа неинвазивна процедура, вели д-р Елези, ја заменува класичната стрипинг оперативна процедура.

    Оваа процедура е подобра спредбено со класичната оперативна процедура, бидејќи е неинвазивна и безболна, се работи со локална анестезија, трае 20 минути и нема компликаци како хематом и болки постопреративно, вели тој. Пациентите се пуштаат неколку часа по операцијата за разлика од другата метода, за која треба да седат 7 дена. Пациентите по 2 до 3 дена може да се вратат на социјалниот живот.

    Оваа неинвазивна процедура, вели д-р Елези, ја заменува класичната стрипинг оперативна процедура. (Фото: ГОБ „8 Септември“)

    „Радиофрекфентната аблација е процедура која емитува преку сонда термична температура на општетените површински вени на долни екстремитети со што доведува до нивна фиброза, обструкција, односно затворање на истите и ги исклучуваат од венски систем со што ќе се придонесе за превенирање на можните компликации што можат да настанат како последица на варикозните вени:  тромбоза на длабоки вени, венските услуги или некоја тромбоемболија“, вели хирургот.

    За оваа процедура, д-р Елези вели дека е благодарен на д-р Никола Бакрачески, д-р Марија Зимбова, колегите од Одделот за радиологија асс. д-р Андреа Нанчева Богоевска и др Филип Ристески, како и на директорот д-р Христијан Костов.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира