ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ НА РАБОТА, МАЈКИТЕ НА ПОРОДИЛНО ДА БИДАТ ДО 31 ДЕКЕМВРИ, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ НА РАБОТА, МАЈКИТЕ НА ПОРОДИЛНО ДА БИДАТ ДО 31 ДЕКЕМВРИ, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИОдлуката за затворање на градинки и училишта беше донесена на 10 март, кога се донесе и одлука за хронично болните лица и родителите на деца до 10 години да останат дома. (Фото: К. Попов)

    Комисијата за заразни болести до Владата ќе предложи хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за влошување на болеста, соопшти Министерството за здравство.

    „За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до 31 декември 2020 година. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа“, велат од кабинетот на министерот Венко Филипче.

    Оттаму додаваат дека за родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата.

    Одлуката за затворање на градинки и училишта беше донесена на 10 март, кога се донесе и одлука за хронично болните лица и родителите на деца до 10 години да останат дома. Градинките почнуваат со работа во среда, а училиштата на 1 октомври.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира