И СОПСТВЕНИКОТ НА „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ АСМИР ЈАХОСКИ СПРОВЕДЕН ВО ПРИТВОР ВО ШУТКА ВО ИСТРАГАТА ЗА НАБАВКА НА МАЗУТ ЗА ТЕЦ НЕГОТИНО

    И СОПСТВЕНИКОТ НА „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ АСМИР ЈАХОСКИ СПРОВЕДЕН ВО ПРИТВОР ВО ШУТКА ВО ИСТРАГАТА ЗА НАБАВКА НА МАЗУТ ЗА ТЕЦ НЕГОТИНОКривиниот совет ја преиначи одлуката и куќниот притвор за јахоски го замени со 30-дневен затворски притвор. (Фото: Фејсбук)

    Асмир Јахоски, сопственик на компанијата „Пуцко петрол“, е спроведен во Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари, откако Кривичниот совет при скопсиот Основен кривичен суд му определи 30-дневен притвор во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Кривичниот совет, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), донесе одлука со која мерката куќен притвор за Јахоски се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена, „заради постоење на основите од чл. 165. ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци“.

    „Донесеното решение е доставно до странките во постапката и добиено е известие од надлежната полициска станица дека лицето е обезбедено и спроведено во Истражниот затвор Скопје. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“ се вели во соопштението на Кривичниот суд.

    На 11 март, беше одреден притвор за Ратко Капушевски, генерален директор на фирмата РКМ за трговија со енергенси и нафтени деривати, за злоупотреби во набавки на мазут и перење пари. За Јахоски, судија на претходна постапка одреди мерки домашен притвор. Обајцата се товарат дека го оштетиле буџетот за 167 милиони евра.

    „По прoизнесување на јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни бранители, во однос на предложените мерки, како и ценење на приложените факти, Судот го прифати предлогот на Јавниот обвинител со кој на Р.К., А.М. и Е.С. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење на опасност од бегство и околности кои укажуваат дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоци. Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка, јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од судијата на претходна постапка“, соопштија тогаш од Кривичен суд.

    За останатите 7 осомничени кои беа спроведени во судот, судијата го прифати предлогот на јавниот обвинител и донесе решениja за определување на мерки за претпазливост.

    По повеќемесечна предистражна постапка во предмет што во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција беше оформен по иницијатива на ДКСК, а по кој по наредби на Обвинителството постапуваше Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, а на 10 и 11 март беше спроведена акција. Во акцијата што под раководство на јавен обвинител се спроведуваше на повеќе локации во Скопје, Велес и Кичево се лишени од слобода 11 лица, едно лице е во бегство, а едно е во притвор.

    Како што соопштија од Обвинителството, во периодот на 2021-2023 година двајца осомничени, во својство на основачи и управители на кривично одговорното правно лице свесно повредувајќи ги прописите за постапката за јавен повик за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино поднеле невистинита документација. Со намера да го изиграат договорот, не ги извршиле обврските и ги повредиле правилата остварувајќи корист од големи размери за кривично одговорното правно лице, а на штета на државниот буџет во вкупен износ од 10.304.324.094 денари или околу 167.549.985 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира