Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски попладнево дојде на распит во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Талир“, во кој 11-мина високи функционери на партијата се осомничени за незаконско финансирање и перење пари. Димовски си замина од СЈО без даде изјава, а пред него денеска во СЈО беа директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски и поранешниот шеф на Петтата управа во МВР Горан Грујовски.
Да дојде на распит во СЈО поканет е и лидерот на партијата Никола Груевски, кој е првоосомничен во „Талир“, но тој се уште ја нема примено поканата. Поканети се уште: Кирил Божиновски, Александар Бичиклиски и Мартин Протоѓер.
Во петокот, на распит во СЈО дојдоа генералниот секретар на партијата и поранешен технички премиер, Емил Димитриев, пратеничката Даниела Рангелова и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.