Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски е претседател на собраниската Комисија за избори и именувања.
Парламентарните партии на денешната координација во парламентот се договорија Димовски да ја води Комисијата, што беше основ за претседавачот Трајко Вељаноски да закаже продолжение на конститутивната седница. ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата ќе има 6 претставници, СДСМ 5, а ДУИ и Беса по еден.
Продолжението на конститутивната седница на новиот собраниски состав, која започна и беше прекината на 30 декември, е закажано за в понеделник во 12 часот.