ИМА НАДЕЖ ЗА АМИР, НАГРАДУВАНИОТ МАТЕМАТИЧАР ОД УЛИЦА, ДРЖАВАТА ИМА ПАРИ ЗА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ВО КОЈ ДЕЦАТА-ПИТАЧИ СТАНУВААТ УЧЕНИЦИ

    ИМА НАДЕЖ ЗА АМИР, НАГРАДУВАНИОТ МАТЕМАТИЧАР ОД УЛИЦА, ДРЖАВАТА ИМА ПАРИ ЗА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ВО КОЈ ДЕЦАТА-ПИТАЧИ СТАНУВААТ УЧЕНИЦИНема никаков проблем Дневниот центар за деца од улица да си ја продолжи хуманата и многу одговорна работа, и од јули натаму, државата има пари за него“, велат од МТСП (Фото:СДК.МК)

    Министерството за труд и социјална политика за најмногу еден месец додека заврши јавниот повик, ќе му обезбеди пари за да не згасне на Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари, единствениот шарен убав свет кој помага децата од најранливите семејства да се одвратат од питачење и да се запишат на училиште.

    Во Дневниот центар е и Амир Дестанов, осмоодделенецот кој единствениот оброк, како и другите над 60 згрижени деца го добива токму таму во Дневниот центар. Иако е од улица, од дисфункционално семејство и жртва на насилство од татка си, годинава освои трета награда на меѓународниот натпревар по математика „Кенгур“. Надградбата за да ги реши тешките задачи на „Кенгур“, Амир ја доби токму таму во Дневниот центар за деца од улица, каде заедно со уште над 60 деца од најранливите категории во Скопје, по часовите во школо, учи, пишува домашни задачи и се надградува за натпревари.

    „Во подготовка е јавниот повик за давање социјални услуги, на кој Дневниот центар за деца на улица ќе конкурира и најдоцна за еден месец ќе склучи договор и ќе продолжи без прекин да си ја врши работата. Ние носиме одлука за цената на чинење на социјалните услуги што ги пружа Центарот, по корисник, а таму се навистина поопсежни. Законска обврска е, за да се види точно кај одат парите. Затоа одлуката ја изготвуваше експерт и тоа сега е завршено. Проблем имаше што оваа хумана институција немаше лиценца за давател на социјални услуги, но и тоа е веќе надминато. Иако Центарот немаше врска со смените на министри за труд и социјална политика, сепак и тоа делуваше јавниот повик да не се распише малку порано и да предизвика мала неизвесност – дали државата ќе обезбеди пари за да не згасне оваа многу важна невладина институција. Подготовката за јавниот повик си течеше нормално и тоа ќе резултира со непречена работа на Дневниот центар“, вели Лидија Штерјов од Министерството за труд и социјална политика.

    Од Министерството за труд и социјална политика велат дека во подготовка е јавниот повик за давање социјални услуги, на кој Дневниот центар за деца на улица ќе конкурира и најдоцна за еден месец ќе склучи договор и ќе продолжи без прекин да си ја врши работата. – Координаторката на Дневниот центар Ирена Велкоска (Фото: СДК.МК)

    Координаторката на Дневниот центар Ирена Велкоска по повод успехот на Амир Дестанов, на прашањата од САКАМДАКАЖАМ.МК за опстојувањето и иднината на Центарот, каде што ги видовме најрадосните детски ликови пред школски часови, кажа дека пари за да опстане Центарот има само до јули!

    По објавениот текст „Дете од улица, со само еден оброк во денот, освои трето место по математика на „Кенгур“, во редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК се јавија граѓани и иселеници, некои од нив математичари, кои понудија помош за ученикот од улица Дестанов. Им одговоривме дека единствено може да контактираат со Велковска и колешките и колегите социјални работници и воспитувачи, наставници. Со напомена, дека ниту Амир, ниту другарчињата во Дневниот центар имаат мобилни телефони, дома немаат таблети или компјутери, никогаш немале интернет, а во Дневниот центар има само еден компјутер за 61 дете.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира