ИМЕТО ДА СЕ РЕШИ ГОДИНАВА ИЛИ СТАТУС КВО СИТУАЦИЈАТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО ГОДИНИ, КАЖА ГЕРМАНСКИОТ ДРЖАВЕН МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА РОТ

    ИМЕТО ДА СЕ РЕШИ ГОДИНАВА ИЛИ СТАТУС КВО СИТУАЦИЈАТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО ГОДИНИ, КАЖА ГЕРМАНСКИОТ ДРЖАВЕН МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА РОТПремиерот Заев вели дека целта на Македонија е почеток на преговорите со ЕУ и покана за НАТО во 2018 година. - Зоран Заев и Михаел Рот во Владата (Фото: М. Златевска)

    Државниот министер за Европа во германското МНР Михаел Рот кажа дека прашањето за името треба да се реши годинава или статус кво ситуацијата ќе продолжи со години на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Владата. Рот вели дека има волја кај двете страни и може да се стигне до заеднички прифатлив компромис.

    „Потребни се конструктивност, креативност и флексибилност. Македонската Влада е позитивна и креативна, а таква е и Владата во Атина, и затоа гледам светлина на крајот на еден долг тунел. Последните изјави ја потврдуваат волјата прашањето сега да се реши, и двете страни се подготвени за тешки компромиси. Германија дава целосна поддршка“, кажа Рот.

    Заев рече дека целта на Македонија е почеток на преговорите со ЕУ и покана за НАТО во 2018 година.

    „Остануваме убедени дека лидерите на ЕУ го препознаваат моментумот дека времето на РМ да и биде дадена европската перспектива е сега, оваа година. Сакаме да ја оствариме нашата просперитетна иднина со наш придонес секако и за посилна ЕУ“, рече Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира