Иницијативата за оценка на уставноста на Законот за специјално јавно обвинителство евентуално би се нашла на дневен ред на судот наесен, јавува агенцијата Мета.
Уставниот суд утре ќе ја одржи последната седница пред летните одмори. Следната седница на Уставниот суд ќе биде по 1 септември, кога судиите се враќаат во полн состав и ќе продолжат со работа.
Разгледувањето на оваа иницијатива беше едно од клучните барања на Шарената револуција и на опозицијата.
СДСМ ги замрзна своите активности во Собранието додека иницијативата за СЈО не биде ставена на дневен ред на Уставниот суд.
Иницијативата за оценување на уставноста на СЈО беше поднесена во судот пред осум месеци, но досега не се најде на дневен ред на седниците на Уставниот суд.