ИНСПЕКТОРИТЕ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА НАЈДОА МЕДИЦИНСКИ ОТПАД РАСФРЛАН КАЈ ХИРУРШКИТЕ КЛИНИКИ

    ИНСПЕКТОРИТЕ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА НАЈДОА МЕДИЦИНСКИ ОТПАД РАСФРЛАН КАЈ ХИРУРШКИТЕ КЛИНИКИПримерок од медицинскиот отпад ќе се достави до Судска медицина за вештачење и откривање на клиниката од која потекнува отпадот. (Фото: ДИЖС)

    Инспектори најдоа расфрлан медицински отпад кај хируршките клиники во Клиничкиот центар во Скопје, по дојава на тамошната Служба за општи и заеднички работи, соопшти Државниот инспекторат за животна средина.

    „Медицинскиот отпад, ставен во картонски кутии, спротивно на законот, беше складиран во депо за картонска амбалажа. Опасниот медицински отпад мора да биде селектиран, спакуван во жолти кутии или вреќи, потоа да се складира во посебен контејнер и да се транспортира со посебно возило до Дрисла. При подигањето на картонската амбалажа од страна на компанија што собира медицински отпад, кутиите со медицински отпад беа фрлени на земја и растурени“, велат од инспекторатот по увидот извршен на 10 декември и ги задолжи службите да го исчистат местото и да го отстранат медицинскиот отпад на прописен начин.

    Имајќи предвид дека на оваа локација медицински отпад фрлаат сите хируршки клиники, Државниот инспекторат вели дека до нив ќе достави опомена, но истовремено, примерок од медицинскиот отпад ќе се достави до Судска медицина за вештачење и откривање на клиниката од која потекнува отпадот, по што ќе следи и соодветната законски утврдена казна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира