ИНСТИТУТОТ ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦАТА ВО КОЗЛЕ СТАНА КЛИНИКА, СЕ ЗАЈАКНУВА КАКО НАСТАВНО-НАУЧНА БАЗА

    ИНСТИТУТОТ ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦАТА ВО КОЗЛЕ СТАНА КЛИНИКА, СЕ ЗАЈАКНУВА КАКО НАСТАВНО-НАУЧНА БАЗАПремиерот Димитар Ковачевски на денешната свеченост на Клиниката во Козле. (Фото: Министерство за здравство)

    Институтот за по белодробни заболувања кај децата Козле во Скопје од денеска е Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата-Козле. Оваа трансформација следи по одлуката на Владата донесена на 25 октомври.

    На денешната свеченост на Клиниката,  на која дојдоа поголем број министри, политичари,  професори, декани, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека се очекува дека со одлуката за промена на дејноста на оваа здравствена установа „да се добие побрзо и поефикасно дијагностицирање, третман и лекување на пациентите и ќе се намали притисокот кон други установи, со што ќе се обезбеди подостапна и поквалитетна здравствена заштита за пациентите“.

    „Ова е голем чекор напред за установата и признание за посветената работа и заложбите на раководството и на целиот медицински и немедицински персонал, кој применува стручен и мултидисциплинарен пристап од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза. Со прераснувањето во универзитетска клиника, оваа установа се зајакнува како наставно-научна база во рамки на која врвниот стручен кадар ќе го пренесува своето знаење и искуство на помладите специјализанти и студенти“, рече министерот за здравство Фатмир Меџити.

    Директорот на Клиниката Јетмир Зибери рече дека годинава се извршиле над 35 илјади амбулантски прегледи и над 4 илјади хоспитализации на деца со респираторни заболувања, а стручниот кадар опфаќа 55 доктори специјалисти и супспецијалисти од над 200 здравствени работници.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира