ИНСТИТУЦИИТЕ НЕМААТ НИТУ ПРОГРАМА, НИТУ КАДАР ЗА ЛЕКУВАЊЕ МАЛОЛЕТНИ ЗАВИСНИЦИ ОД ДРОГА, АЛАРМИРАШЕ ХОПС

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИНСТИТУЦИИТЕ НЕМААТ НИТУ ПРОГРАМА, НИТУ КАДАР ЗА ЛЕКУВАЊЕ МАЛОЛЕТНИ ЗАВИСНИЦИ ОД ДРОГА, АЛАРМИРАШЕ ХОПС

    Веднаш да се финализира и усвои протоколот за лекување на деца кои користат дроги, побара невладината организација ХОПС, опции за здрав живот.

    Влатко Деков, од центарот за едукација, документирање и истражување при ХОПС, рече дека инсистираат да се усвои овој протокол, кој е изготвен уште пред две години, но не е усвоен, а во моментов нема ниту протокол ниту програма за лекување на вакви деца. Тој објасни дека освен протоколот треба да се донесе и програма за ресоцијализација и грижа за овие деца, а министерствата за здравство, образование и труд и социјална политика, преку заеднички пристап да обезбедат поддршка за децата и младите во ризик.

    „Само лани теренскиот тим на ХОПС контактираше со 33 деца, кои користат дроги, а седум од нив се нови корисници. Вкупно досега сме исконтактирале со 85 деца корисници на дроги. И покрај нашите заложби, лани ниту еден малолетник не почна со лекување на зависноста, бидејќи здравствените институции немаат ниту протокол ниту кадар за лекување малолетници. Иако Министерството за здравство изработи протокол за лекување деца, тој веќе две години е во подготвителна верзија и не е усвоен“, рече Деков.

    Тој за илустрација на проблемот го раскажа случајот од лани со 16-годишно девојче сместено во јавната установа за згрижување деца со социјално воспитни проблеми “25 мај“, кое е корисник на дроги. Со тимот на ХОПС девојчето стапило во контакт лани и било констатирано дека е бремена. Активистите од оваа невладина организација се обиделе да и обезбедат лекување, но тоа завршило со неуспех бидејќи дел од клиниките не работат со деца, а на Клиниката за токсикологија не можеле да ја примат на програм за лекување поради административни бариери. Две недели девојчето го препраќале од една институција до друга, но на крај не ја добило потребната помош.  

    „Во психијатриската болница во Скопје не ја примија, бидејќи не работат со малолетници, а на Клиниката за токсикологија покрај согласноста од таткото преку Центарот за социјални работи, побараа и психијатриско мислење. Но тука наидовме на проблем бидејќи Клиниката за токсикологија нема вработено психијатар, а на Клиниката за психијатрија немаше психијатар кој може да даде мислење за дете корисник на дроги. Кога конечно по две недели најдовме психијатар кој може да даде мислење, девојчето не се појави на средбата. Неколку дена подоцна дојде и кажа дека во меѓувреме имало спонтан абортус. Сега е на улица и натаму инјектира дроги“, рече Деков.  

    Најмалото дете кое инјектира дроги, според податоците на ХОПС има осум години, а други видови дроги како што е лепак, користат и четиригодишни деца.
    Оваа организација заедно со невладини орагнизации од Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора спроведе истражување за дфецата и младите во ризик. Истражувањето во македонија покажало дека нема унифициран систем за бележење, следење и помош на децата што користат дроги во надлежните државни институции, а дека невладините организации ги бележат и ги следат, но и нивните бројки се нецелосни.
    “Голем број државни институции имаат политики за децата ио младите во ризик, но отсуствува нивна реализација. Добра пракса за бележење на податоците за децата и младите во ризик се забележува единствено во документацијата и работата на Државниот совет за превенција од детско престапништво и на Народниот правобранител“, рече Аница Димовска, од ХОПС.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира