ИСПЛАШЕНА ОД ГЕРИЛАТА, БИТОЛСКАТА ВЛАСТ НЕ ГО ОДБЕЛЕЖА 9 МАЈ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Битола(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИСПЛАШЕНА ОД ГЕРИЛАТА, БИТОЛСКАТА ВЛАСТ НЕ ГО ОДБЕЛЕЖА 9 МАЈ

    Битолскиот градоначалник Владимир Талески, општината и Советот денес не го одбележаа Денот на победата над фашизмот исплашени битолската герила да не им смисли некоја хумореска како онаа со лажните евра.
    Пред споменикот на НОБ цвеќе положија само претставници од Сојузот на борци и опозицијата. На ваквото однесување на власта реагираше советникот на СДСМ, Благојче Котевски: „Секоја година носиме план за одбележување на значајни датуми кои Советот и општината се должни да ги испочитуваат. Во годинешната програма јасно стои дека 9 мај имаме обврска да го испочитуваме. Денес немаше нивни претставници, ја знаеме  моменталната ситуација на Талески и неговото појавување во јавноста, но можеше барем да пушти преставник“, изјави Котевски.
    Денот на победата над фашизмот го одбележаа вечерва демонстрантите кои протестираа за оставка на Талески. Тие на себе носеа маички со натписи „Смрт на фашизмот, слобода на народот“ и извикуваа „Како што пред 70 години го победивме фашизмот, така ќе го победиме и денес.“
    Вечершната протестна поворка минувајќи пред судот скандираше „сваровски судство„, пред општина Битола „Владе врати ги парите и врати ги другарите“. Последново се однесуваше на големиот број млади битолчани кои се ислелија од градот. Протестираа и пред канцеларијата на претседателот Иванов во Битола, непосредно до која деновиве е отворен салон за педикир и маникир. 
    Со паролата „Но пасаран“ демонстрантите блокираа еден кружен тек и раскажуваа вицови за градоначалникот (Фото: СДК.МК)

    Со паролата „Но пасаран“ демонстрантите блокираа еден кружен тек и раскажуваа вицови за градоначалникот (Фото: СДК.МК)

    Протестите завршија со блокада на кружниот тек во центарот на градот пред Здравствениот дом. Тие на мегафон кажаа шега на сметка на кружните текови, најкрупните проекти од владеењето на Талески во Битола. „Градоначалникот и рекол на сопругата Светле имам генијална идеја, а таа му одговорила важи само да не е кружен тек пред вецето.“
    Тие со денови протестираат барајќи оставка од Талески кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“, а не е притворен зашто го помилува Иванов.
    Локалната власт не го одбележа Денот на победа над фашизмот, но ГДОМ го одржа контрапротестот во Битола. На него зборуваше музичарот Сашко Савевски кој рече дека македонската нација е една од најпаметните во светот, барајќи да запре уништувањето на спомениците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира