ИСТРАГА ПРОТИВ 11 ЛИЦА ОД КОИ СЕДУМ ПОЛИЦAЈЦИ, ЗА ПАРИ ИЗДАВАЛЕ ДОЗВОЛИ ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ НА ТУРСКИ СТУДЕНТИ

    ИСТРАГА ПРОТИВ 11 ЛИЦА ОД КОИ СЕДУМ ПОЛИЦAЈЦИ, ЗА ПАРИ ИЗДАВАЛЕ ДОЗВОЛИ ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ НА ТУРСКИ СТУДЕНТИИстрагата следи по денешните претреси на 15 локации во Скопје, Штип и Граничниот премин (ГП) Долно Блаце. Притоа се приведени 11 лица, а две се недостапни на органите на прогонот. (Фото: СДК.МК)

    Постапувајќи по кривичната пријава, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица од кои седум полициски службеници, кои за пари издавале дозволи за привреен престој на турски студенти, соопшти Обвинителството. Истрагата следи по денешните претреси на 15 локации во Скопје, Штип и Граничниот премин (ГП) Долно Блаце. Притоа се приведени 11 лица, а две се недостапни на органите на прогонот.

    „Оосомничените физички лица од месец јануари до месец април годинава во Штип, со искористување на своето претпоставено влијание врз осомничените полициски службеници од ГП Блаце и инспектори од Секторот за странци во Штип, со кои имале претходно воспоставени пријателски односи, во најмалку четири наврати овозможиле на најмалку пет странски државјани кои незаконски престојувале во РСМ непречено да го регулираат својот престој. Осомничените физички лица за определена награда посредувале и преземале дејствија со цел турските државјани чиј рок за одобрен престој заради студирање им бил истечен да се стекнат со дозвола за одобрен привремен престој во РСМ. Осомничените полициски службеници прифаќајќи го влијанието од посредниците, со намера да прибават за себе имотна корист, ги пречекориле границите на своите службени овластувања и не ја извршиле својата службена должност. Имајќи предвид дека незаконскиот престој согласно одредбите од Законот за странци е прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – глоба во износ од 50 до 250 евра во денарска противвредност, осомничените го оштетиле и Буџетот на РСМ. Јавниот обвинител имајќи ги предвид околностите, оцени дека се исполнети условите и до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерката притвор за петмина осомничени, додека за осум лица предлог за определување мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.

    За три лица постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание, две лица сториле продолжено кривично дело Примање поткуп, додека на петмина сториле по едно кривично дело Давање поткуп, на едно лице дека ја злоупотребило својата службена положба и овластување и сторило кривично дело Употреба на исправа со невистинита содржина, едно лице сторило кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и едно лице сторило кривично дело Фалсификување исправа.

    Акцијата е резултат на неколкумесечна предистражна постапка што ја спроведуваше јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, а претресите денеска се извршени под раководство на предметниот обвинител, полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира