ИСТРАЖИТЕЛИТЕ ОД СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ДОБИЈА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ЗА БРЗО НАОЃАЊЕ ДОКАЗИ

    ИСТРАЖИТЕЛИТЕ ОД СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ДОБИЈА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ЗА БРЗО НАОЃАЊЕ ДОКАЗИ„Aко имам една цел како амбасадор во земјава, тоа е да се осигурам дека ќе направам се што можам заедно со мојот тим, за зајакнување на вербата на граѓаните на Северна Македонија во правосудството“, кажа Агелер. (Фото: СДК.МК)

    Амбасадорката на САД Анџела Агелер на Скопското јавно обвинителство денеска му донираше компјутерска и техничка опрема, првенствено за потребите на истражителите кои работат на откривање докази во истрагите, по наредба на обвинител.

    „Тука сум од ноември и корупцијата во земјава е присутна подолго време. Тоа не е проблем што може да се реши за неколку месеци и постојат веќе системи, кои бараат проверка. Затоа е добра денешната посета, за да видам како се водат истрагите“, изјави таа од Истражниот центар на ОЈО Скопје.

    Агелер уште еднаш кажа дека зајакнувањето на правосудството во Македонија на сите нивоа е главен приоритет за амбасада на САД, за неа лично и за Вашингтон.

    „Сакаме да бидеме партнери со оваа земја, така што ќе покажеме дека овој систем е тука за вашите граѓани. За тоа е потребно време. Еден компјутерски систем нештото нема да го реши, но е приоритет, и ако имам една цел како амбасадор во земјава, тоа е да се осигурам дека ќе направам се што можам заедно со мојот тим, за зајакнување на вербата на граѓаните на Северна Македонија во правосудството“, кажа таа.

    Јавниот обвинител на Скопје Гаврил Бубевски рече дека се работи за сериозна донација што ќе помогне во секојдневната работа и од технички и од суштински аспект, затоа истражните екипи водени од обвинителите ќе можат многу побрзо можеме да работат на одредени докази и на прибирање доказен материјал.

    „Се надеваме и на понатамошна соработка со американската амбасада преку обуки и друга помош“, кажа Бубевски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира