ИВАНОВ ДОЦНА ВЕЧЕРВА ГО ПОТПИШАЛ РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ

    ИВАНОВ ДОЦНА ВЕЧЕРВА ГО ПОТПИШАЛ РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТКабинетот на претседателот не соопшти каде беше отпатуван претседателот седум дена.- (Фото: СДК.МК)

    Претседателот Ѓорге Иванов вечерва го потпишал ребалансот на Буџетот за 2017 година, потврдија собраниските служби.

    По процедурата, тој го вратил ребалансот во Собранието, каде што беше изгласан пред точно седум дена.

    Иванов ги држеше во неизвесност Владата и парламентарното мнозинство, бидејќи не почека претходната недела да бидеп првин донесен ребалансот и веднаш да го потпише, туку си заминал на патување надвор од Македонија.

    Кабинетот на претседателот не соопшти каде беше отпатуван претседателот. Неговите службеници им дале ветување на службите од Собранието дека токму на седмиот ден од законскиот рок, а тоа е денеска, Иванов ќе се врати со владиното авионче и ќе го потпише р ребалансот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира