Претседателот Ѓорге Иванов нема да прифати ерга омнес решение за името, соопштија од неговиот кабинет пред денешната средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
„Ставот на претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес“, се вели во соопштението од кабинетот на Иванов.
Иванов денеска ќе го прими министерот за надворешни работи Никола Димитров кој ќе го информира за сите детали за кои е разговарано во Њујорк и Брисел.