СО ИВАНОВ ГО УСОГЛАСУВАМЕ ТЕКСТОТ ЗА ГАРАНЦИИТЕ, ВЕЛИ ЗАЕВ

    СО ИВАНОВ ГО УСОГЛАСУВАМЕ ТЕКСТОТ ЗА ГАРАНЦИИТЕ, ВЕЛИ ЗАЕВЛидерот на СДСМ не кажа конкретно кога ќе му ги предаде гаранцииите на Иванов. - Зоран Заев пред Основното јавно обвинителство (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека е во постојан контакт со претседателот Ѓорге Иванов за усогласувањето на текстот на писмената гаранција за унитарноста на државата, која Иванов ја бара од парламентарно мнозинство за да го даде мандатот за состав на влада.

    „Постојано сме во контакт со кабинетот на претседателот Иванов, за да го усогласиме текстот на гаранциите за унитарноста на државата што треба да му биде предаден. Штом таа работа ќе биде завршена, очекувам претседателот да ми го предаде мандатот за формирање влада“, рече Заев, кој денеска беше во Основното јавно обвинителство да даде исказ како оштетен во насилствата во Собранието на Република Македонија од 27 април.

    За нападот во Собранието, Заев во Обвинителството кажал дека шестмина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ го организирале упадот на толпата демонстранти во зградата на законодавниот дом, со план и со умисла да биде извршено убиство на пратеници.

    „Собранието има пет влеза, демонстрантите се обидоа да влезат само од главниот влез зашто двајца пратеници им ги отворија вратите. На другите влезови челичните шипки и обезбедувањето си го направија своето“, кажа Заев.

    Во врска со локалните избори, Заев како можни термини во кои би се одржале локалните избори ги спомена октомври оваа година или март следната година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира