Претседателот Ѓорге Иванов прогласи аболиција за сите осомничени од Специјалното јавно обвинителство, а поврзани со прислушуваните разговори што ги објави СДСМ.
Одлуката што ја потпишал денеска, стапува во сила веднаш. Аболицијата се однесува за сите политичари против кои се води истрага, против кои е покренато обвинение, како и за еден политичар кој издржува затворска казна.
Тој рече: Оваа криза е нечиј туѓ интерес, за нечии туѓи цели и интереси. Некој кој сака нешто да постигне, некој кој сака преку завојуваните политички лидери и нивните поддржувачи да оствари своја цел.“
“Со намера да придонесам во решавањето на кризата и релаксирање на односите и намалување на тензиите меѓу спротивставените политички сили и нивните поддржувачи, а свесен за последиците за државата и граѓаните ако ништо не се преземе во оваа тешка криза, свесен за последициите врз мене со преземањето на овој чекор, но и со силна верба дека носам одлука во интерес на државата и нацијата, нејзината стабилност и независност, одлучив да се стави крај на оваа агонија на Република Македонија“, рече Иванов.