Претседателот на државата Ѓорге Иванов не го препозна моментот што ќе ја одвои Македонија од изолацијата, туку упати пораки кои повикуваат на делби, реагира Владата на говорот на претседателот Иванов во Собранието.
„Наместо општество на заедништво и на обединување во еден историски и клучен момент за Република Македонија, нејзиниот претседател се обиде да го доведе во прашање дигнитетот на институциите на системот со тоа што владеењето на правото и принципот на одговорност на сите без исклучок, пред правдата, го изедначи со реваншизам“, стои во реакцијата на Владата на говорот на Иванов.
Во реакцијата понатаму се вели дека прв кој требаше да го препознае моментот е претседателот на државата: „Но, наместо да настапи државнички, денеска Ѓорѓе Иванов кон граѓаните упати пораки кои повикуваат на натамошни делби и кои дополнително се спротивставуваат на концептите за градење на едно, единствено и заедничко општество“.