ИВАНОВ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА ГО ПОТПИШЕ УКАЗОТ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ, УСТАВОТ ВЕЛИ ДЕКА Е ДОЛЖЕН ДА ГО ПОТПИШЕ

    ИВАНОВ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА ГО ПОТПИШЕ УКАЗОТ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ, УСТАВОТ ВЕЛИ ДЕКА Е ДОЛЖЕН ДА ГО ПОТПИШЕПретседателот Ѓорге Иванов на годишното обраќање во Собранието на 26 декември (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателот Ѓорге Иванов вечерва соопшти дека нема да го го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците, иако во член 75 од Уставот на Република Македонија пишува дека „претседателот на Републиката е должен да го потпише указот“ ако Собранието повторно го разгледува законот откако претседателот ќе одбие да го потпише и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

    „Нема да потпишам Указ за прогласување на закон кој е донесен на ваков начин. Закон со кој се злоупотреби европското знаме, закон за кој не се водеше дебата по амандманите кои произлегоа од моите укажувања, закон кој се изгласа вон сите процедури, закон кој е противуставен и закон кој ги крши дадените гаранции. Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон“, вели Иванов.

    Иванов во обраќањето на 17 јануари рече дека одлучил да не потпише указот на Законот за употреба на јазиците, првично изгласан на 11 јануари и го врати во Собранието, каде што денеска беше повторно изгласан со 64 гласа „за“.

    „Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот“, пишува во Член 75 од Уставот на Република Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира