ИВИЦА БОЦЕВСКИ НАЗНАЧЕН ЗА СПЕЦИЈАЛЕН ВЛАДИН ПРЕТСТАВНИК ПРИ УНГАРСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ НА ЕУ

    ИВИЦА БОЦЕВСКИ НАЗНАЧЕН ЗА СПЕЦИЈАЛЕН ВЛАДИН ПРЕТСТАВНИК ПРИ УНГАРСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ НА ЕУУнгарското претседателство со Советот на ЕУ почна на 1 јули годинава, а ќе заврши на 31 декември. (Фото: Фејсбук)

    Владата го именуваше Ивица Боцевски за нејзин специјален претставник при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија, на последната владина седница.

    „Почнувам нова позиција како амбасадор – специјален претставник на Владата при Унгарското претседателство со ЕУ“, кажа Боцевски на социјалните мрежи.

    Ивица Боцевски првин беше член на СДСМ, па вицепремиер за европски прашања и владин портпарол во владите на Никола Груевски, па член на ЛДП и потоа советник на претседателот Ѓорге Иванов. Беше и амбасадор во Бразил. Боцевски беше дел од тимот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за кампањата за претседателските избори.

    Унгарското претседателство со Советот на ЕУ почна на 1 јули годинава, а ќе заврши на 31 декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира