Пратениците го изгласаа Законот за заштита од дискриминација, кој веќе два пати беше изгласан, но со фалинка во процедурата, па Уставниот суд поради тоа го имаше укинато.
Овој закон кој беше услов за да добиеме датум за преговори со ЕУ, не го потпишуваше поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Потоа го потпиша Стево Пендаровски веднаш штом стапи на претседателската функција, но во Собранието при повтореното гласање, не бил донесен со доволен број на гласови од пратениците.
Законот обезбедува заштита од секакво дискриминирање на сиромашни, на лица со попреченост, со различна сексуална определеност, од ранливи категории, по верска основа, по боја на кожата и слично.
Првпат овој закон собра 69 гласа. Само еден беше воздржан, против не беше никој од пратениците. За законот овојпат гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
С. К. ДЕЛЕВСКА