Автобус попладнево излета и се преврти неколку километри по патарината кај велешкото езеро на автопатот кон Скопје. Според очевидци, има многу повредени патници.
Кон местото на несреќата се упатени полициски и противпожарни возила.
Првите информации од МВР се дека автобусот има грчки национални ознаки.