ИЗВЛЕЧЕНИ НАД 300 ПОПЛАВЕНИ КОЛИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИЗВЛЕЧЕНИ НАД 300 ПОПЛАВЕНИ КОЛИ

    Скопските јавни паркинг претпријатија три дена извлекуваат коли од поплавените региони. Извадени од калта се повеќе од 300 возила. Пајак – возилата беа меѓу првите кои излегоа да расчистуваат по поплавите оти беше неопходно да се тргнат возилата за да се обезбеди пристап до куќите.
    Вработените во Пајак службата на ЈП„Градски паркинг“ велат дека секој ден вадат по околу 50 коли кои ги носат на посебен паркинг, а од ЈП„Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) пак, за возилата погодени од поплавите обезбедија 100 паркинг места во катната гаража „Судска палата“. Оваа услуга ПОЦ им ја понудија на поплавените за да можат на сигурно да ги остават возилата додека трае расчистувањето.
    „Вчера успеавме да извадиме само едно возило. Колите се полни со камења, а патот е непрооден“, вели Саша Богдановиќ, директор на ЈП„Паркизи Општина Центар“, кој вчера  заедно со вработените во претпјатитето помагаше во расчистување на штетите од поплавата.
    Богдановиќ вели дека на расплагање на поплавените им стои во секое време Пајак-служата на „Паркинзи општина Центар“ која може да ја повикаат на бројот 070/268-162.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари