Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница ја прифати иницијативата на лидерот Христијан Мицкоски за референдум за прифаќањето на преговарачката рамка заедно со билатералниот Договор за добрососедство со Бугарија.
Портпаролот на партијата Ѓорѓија Сајкоски соопшти дека партијата во следниот период ќе се одржи широки консултации со експертската јавност по кои ќе биде формулирано и референдумското прашање.
За да се одржи референдум партијата треба да собере 150.000 потписи од граѓани.
Сајковски повтори дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа во Собранието за уставните измени со кои Бугарите треба да се внесат во Уставот, откако претходнио потпишаа нотарски изјави за тоа.
Од СДСМ изјавија дека партијата „нема да поддржи референдум којшто е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со ЕУ“.
На 16 јули, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти пленарната сала на Собранието и воопшто не гласаше за заклучоците за францускиот предлог за кревање на бугарското вето и преговарачката рамка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Собранието ги изгласа заклучоците со 68 гласа „за“. Немаше „против“, ниту „воздржани“. Вечерта, Владата ја прифати предлог-преговарачката рамка на Француското претседателство со Советот на ЕУ. На 17 јули во Софија, Македонија и Бугарија го потпишаа вториот билатерален Протокол за исполнување на Договорот за доброседство од 2017, што беше услов во преговарачката рамка.
Со тоа престанаа и дванесетдневните протести против францускиот предлог што ги организираа ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
На 19 јули во Брисел, Македонија и Албанија ги одржаа првите меѓувладини конференции со ЕУ, со што почнаа пристапните преговори, по што почна скринингот на институциите. Втората меѓувладина конференција за Македонија ќе се одржи откако ќе се измени Уставот и во Преамбулата ќе се внесе и бугарското малцинство.