41-годишниот И.Т. синоќа го убил татко му Љ.Т. (68) со нож во семејна расправија во скопската населба Кисела Вода, соопшти МВР. Случајот бил пријавен од сосетка, по што полицијата го нашла Љ.Т. на прагот од дневната соба со убодни рани од нож, а од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Според изјавата на сопругата на убиенот Љ.Т., синот И.Т. ја избркал нејзе од собата и потоа го избодел татко му.
„Сопругата на Љ.Т. изјавила дека додека седеле во дневната соба, дошол И.Т., ја откорнал влезната врата и влегол внатре. Неа ја избркал од собата, почнал да го влече Љ.Т. и во еден момент го избодел со остар предмет. После тоа, И.Т. го напуштил местото и сам се пријавил во Ургентен центар ‘МајкаТереза’ за укажување на помош. Имал расекотина на десната рака“, се вели во билтенот на МВР.
Тој бил приведен и задржан во полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.