ЈА СПАСИЈА ОД ДАВЕЊЕ ВО ВАРДАР, ПА ЈА ТЕПАА

    ЈА СПАСИЈА ОД ДАВЕЊЕ ВО ВАРДАР, ПА ЈА ТЕПААДвајцата ја извадија жената на островче среде реката, настанато од градежните работи во коритото. (Фото: М. Златевска)

    Жена пред малку скокна во Вардар кај Камениот мост во Скопје, по што двајца мажи кои беа во близина веднаш скокнаа по нејзе и ја извадија од водата, по што почнаа да ја тепаат и да ѝ викаат.

    Двајцата ја извадија жената на островче среде реката, настанато од градежните работи во коритото, при што дојде уште еден маж за да се расправа со давеничката.

    Од МВР потврдија дека имаат пријава за жена давеничка во Вардар. (Фото: М. Златевска)

    На местото на инцидентот, дојде полиција и Брза помош. Од МВР велат дека кај нив е пријавен случај на жена давеник во Вардар и дека наското ќе излезат со детали.

    Тројцата мажи на крај ја извадија жената од реката, а на кејот ги чекаа поголема група мажи, кои помагаа при извлекувањето на жената.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира