ЈАНЕВА ДА СЕ ИЗЗЕМЕ ОД ПРЕДМЕТОТ ПРОТИВ КООРДИНАТОРОТ НА ДУИ АЛИМИ ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ, ПОБАРА ОДБРАНАТА

    ЈАНЕВА ДА СЕ ИЗЗЕМЕ ОД ПРЕДМЕТОТ ПРОТИВ КООРДИНАТОРОТ НА ДУИ АЛИМИ ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ, ПОБАРА ОДБРАНАТАОдбраната се сомнева во непристрасноста на специјалната обвинителка Катица Јанева. - Специјалните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски утринава пристигнуваат во Основниот суд Скопје 1 за рочиште за предметот „Титаник 3“ (Фото: М. Златевска)

    Специјалната обвинителка Катица Јанева да се изземе од „Титаник 3“ затоа што ја прекинала истрагата против двајца од сведоците за изборни нерегуларности во Чаир, предмет во кој што се обвинети Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ, побара адвокатот на Гури на денешното судење во Кривичниот суд.

    Тој се посомнева во непристрасноста на овие, како што рече, поранешни потенцијални обвинети и во непристрасноста на Јанева како потписник на обвинителниот акт. На ова реагираше обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски, кој потсети дека Законот за СЈО е специјален и тој го дерогира Законот за кривична постапка.

    „Не е предвиден орган во Република Македонија кој може да одлучи за изземање на специјалниот јавен обвинител. Законодавецот ја имал предвид овие обиди за изземање и затоа не ја дал таа можност во законот“, рече Бубевски.

    Судијката Оља Ристова даде пауза за одлука по предлозите на одбраната.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира