ЈАНЕВА ОТВОРИ ИСТРАГА ПРОТИВ ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРИВИЧНИОТ СУД ПАНЧЕВСКИ ЗА ОДДАВАЊЕ СЛУЖБЕНА ТАЈНА

    ЈАНЕВА ОТВОРИ ИСТРАГА ПРОТИВ ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРИВИЧНИОТ СУД ПАНЧЕВСКИ ЗА ОДДАВАЊЕ СЛУЖБЕНА ТАЈНАОд СЈО не откриваат детали за посетата на Кривичниот суд бидејќи се работи за предистражна постапка. - Владимир Панчевски; Катица Јанева

    Специјалната обвинителка Катица Јанева заедно со обвинителката од нејзиното обвинителство Ленче Ристоска и еден истражител, се во просториите на Основниот суд Скопје 1 во предистражна постапка против експретседателот на судот Владимир Панчевски.

    Според извори од судот, се работи за сомнеж за оддавање на службена тајна, од страна на Панчевски и уште две лица од Кривичниот суд, кои не биле судии. СЈО не открива за што точно се работи.

    Од судот потврдуваат дека Јанева и тимот разговарале околу пладне со Панчевски, а потоа и со уште двајца вработени. Во моментов, велат се кај в.д. претседателот Стојанче Рибарев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира