ЈАНЕВА ПРИЈАВЕНА ВО МВР ДЕКА ВО ЗАВОДОТ ЗА РЕВИЗИЈА СЕ СОБЛЕКЛА ПО ГАЌИ, РЕВИЗОРИТЕ ВЕЛАТ БИЛА ПОВИКАНА БРЗА ПОМОШ ЗА НЕА

    ЈАНЕВА ПРИЈАВЕНА ВО МВР ДЕКА ВО ЗАВОДОТ ЗА РЕВИЗИЈА СЕ СОБЛЕКЛА ПО ГАЌИ, РЕВИЗОРИТЕ ВЕЛАТ БИЛА ПОВИКАНА БРЗА ПОМОШ ЗА НЕАСпоред пријавата во МВР, настанот се случил утринава во 10.30 часот, кога откако била однесена во зградата на ДЗР, таа се однесувала дрско и непристојно. Во еден момент, според пријавата, таа таму се соблекла по долна облека. - Јанева пред вчерашното судење за „Рекет“ (Фото: СДК.МК)

    Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска е пријавена во МВР за дрско и непристојно однесување откако со полиција утринава била однесена во Државниот завод за ревизија (ДЗР) за проверка на додатоците на плата на сите нејзини помошници-обвинители, за целиот период од четиригодишното постоење на СЈО.

    За овој денешен настан има две верзии. Едната е од Државниот завод за ревизија дека целиот разговор со Јанева поминал коректно, освен со мал проблем со влошување на нејзината здравствена состојба, поради што била повикана брза помош. На Јанева, поради проблеми со висок шеќер во крвта и кардиоваскуларно заболување ѝ се слоши во Собрание и во суд неколку пати, пред јавноста.

    Според пријавата во МВР, настанот се случил утринава во 10.30 часот, кога откако била однесена во зградата на ДЗР, таа се однесувала дрско и непристојно. Во еден момент, според пријавата, таа таму се соблекла по долна облека.

    Според официјалната изјава од Заводот, Јанева не била повикана поради предистрагата што најави дека ќе ја отвори обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска за законитоста на додатоците и надоместоците на платите на поранешните специјални обвинители.

    Неофицијално, на Јанева сабајлево ѝ затропала полиција на врата и без покана, по судска наредба била однесена во ДЗР на административен состанок за редовниот ревизорски извештај во СЈО. Но, кога таму ја видела обвинителката од организиран криминал Ивана Трајчева, која често ја заменува Русковска, Јанева побарала адвокат. Таа се почувствувала дека е киднапирана, бидејќи немала ни покана за сослушување во истрага, ниту ѝ бил покажан судски налог, односно одобрение од Основниот кривичен суд таа да го напушти домот и да биде однесена на распит во ДЗР.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира