ЈАНКУЛОСКА И МИЈАЛКОВ ЌЕ БИДАТ ПОВИКАНИ ЗА СВЕДОЦИ ВО „СОПОТ“

    ЈАНКУЛОСКА И МИЈАЛКОВ ЌЕ БИДАТ ПОВИКАНИ ЗА СВЕДОЦИ ВО „СОПОТ“Гордана Јанкулоска во Апелациониот суд кога се расправаше за нејзините мерки на претпазливост. (архивска фотографија)

    Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кои во една од бомбите што ги пушти Зоран Заев како лидер на СДСМ, споменуваат дека осудените лица во случајот „Сопот“ се жртви на монтиран случај, ќе бидат сведоци во обновениот случај, кој што почна повторно во Основниот суд Скопје 1.

    Случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство, а обвинението го застапува обвинителот Бурим Рустеми. Тој на денешното рочиште на судот му предложи це-де со снимен телефонски разговор меѓу Мијалков и Јанкулоска, како доказ во постапката за „Сопот“. Достави и аудиоразговор од МВР со сведокот Рамадан Бајрами.

    СЈО предлага како сведоци да се сослушаат 6 вработени во УБК, како и вештаци кои ги ангажирало СЈО. Адвокатот на обвинетите Насер Рауфи, пак, рече дека ќе побараат во судот како сведоци да бидат сослушани Мијалков и Јанкулоска.

    Денеска, шестемина обвинети рекоа дека остануваат на претходно дадените изјави пред судот. Во случајот „Сопот“ обвинети се 10 лица за смртта на двајца полски војници и еден македонски државјанин кои загинаа во 2003 година кога теренско возило на НАТО нагази на мина. Четворица се недостапни се уште. Еден починал.

    Судењето е одложено за 23 ноември, за да има време одбраната да ги разгледа новите докази што ги поднесе Рустеми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира