ЈАС ГО ОДЛЕЖАВ СВОЕТО ЗА ГРЕШКАТА ОД 27 АПРИЛ, ЖАЛ МИ Е ШТО ВИЕ НЕ ОДГОВАРАВТЕ, МУ КАЖА МУКОСКИ НА МИЛОШОСКИ

    ЈАС ГО ОДЛЕЖАВ СВОЕТО ЗА ГРЕШКАТА ОД 27 АПРИЛ,  ЖАЛ МИ Е ШТО ВИЕ НЕ ОДГОВАРАВТЕ, МУ КАЖА МУКОСКИ НА МИЛОШОСКИПоради довикувања од пратениците беше дадена пауза од еден час по разменетите реплики меѓу Мукоски и Милошоски. - Крсто Мукоски и Антонијо Милошоски на денешната собраниска седница (Фото: К. Попов)

    Јас направив грешка што ја отворив вратата, а вие и оној што избега ја насочувавте толпата да оди горе оти таму бил Зоран Заев, му рече пратеникот Крсто Мукоски на Антонијо Милошоски во реплика од собраниската говорница. Реакцијата на Мукоски следуваше откако Милошоски, кој беше прв јавен за збор го обвини дека ќе гласа за Законот за Јавно обвинителство оти сега од власта предводена од СДСМ зема тендери.

    „Пратениците од СДСМ Крсто Мукоски го нарекуваа терорист. Не знам дали го смениле мислењето, но очигледно е дека тендерите се поважни од употребата на Јавното обвинителство на селективен начин. Дел од луѓето на кои тој им ја отвори вратата се во затвор и нивните деца немаат татко како што неговите имаат. Затоа Мукоски одлучи да ги изневери граѓаните кои го гласале“, рече Милошоски.

    По ова, за реплика се јави Мукоски, кој му рече на Милошоски дека е криминалец, кој еден ден ќе одговара пред законот, а ВМРО-ДПМНЕ сега е партија која ја држат во заложништво два-тројца криминалци.

    „Јас за несовесната грешка на 27 април 2017 година си го одлежав своето. Жал ми е што вие не одговарате. Заедно со избеганиот ја насочувавте толпата да оди горе оти таму е Зоран Заев“ рече Мукоски.

    По ова, поради довикувања од пратениците беше дадена пауза од еден час.

    Претходно, Милошоски побара од претседателот на Собранието Талат Џафери дозвола да пушти разговор на, како што кажа тој, лицетот З.З., но Џафери му сугерираше на друго место да го направи тоа.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари