Од први октомври за сите вработени во државната управа ќе важи работното време од 8 до 16 часот, одлучи денеска Владата.
На денешната седница Владата донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време кое досега беше од 07:30 до 15:30 и од 08:30 до 16:30 часот. Флексибилното работно време беше воведено од 1 септември 2017, а Владата тогаш образложи дека е за да се подобрат условите за вработените во јавната администрација и да се подобри процесот на испорачување услуги кон граѓаните и бизнис заедницата.