ЈАВНОСТА ИСКЛУЧЕНА ОД ГЛЕДАЊЕТО НА СНИМКИТЕ ВО СЛУЧАЈОТ „ПОТКУП“ ПРОТИВ ЗАЕВ

    ЈАВНОСТА ИСКЛУЧЕНА ОД ГЛЕДАЊЕТО НА СНИМКИТЕ ВО СЛУЧАЈОТ „ПОТКУП“ ПРОТИВ ЗАЕВОбвинетиот Зоран Заев со адвокатскиот тим пристигнува во Основниот суд Скопје 1 за едно од претходните рочишта од предметот „Поткуп“. (Фото: СДК.МК)

    Судијата Дарко Тодооровски од Кривичниот суд ја исклучи јавноста и на само со обвинетиот премиер Зоран Заев за барање поткуп од струмички бизнисмен, ќе си ги гледаат снимките од ПИ-мерките во судница.

    Внатре ќе биде и обвинителката Валентина Бислимовска, која од Апелациониот суд Скопје побара јавноста да биде тргната од разговорот каде Заев кажува каде треба да се даде по едно евро при приватизацијата на градежното земјиште.

    Тодоровски денеска веднаш ја прочита одлуката на Скопска апелација, по што јавноста ја напушти судницата. На минатите рочишта сведокот бизнисмен Иван Николов на прашање на втората судијка во советот Добрила Кацарска, призна дека го наведувал Заев да кажува работи по инструкции на Обвинителството, но сè уште не е јасно дали тоа го ослободува или не од вина Заев

    Заев бараше снимките од неговиот градоначалнички кабинет да се пуштат јавно, а Апелација не дозволи.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира