ЈП ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ИМ ДОЛЖИ НА ОПШТИНИТЕ 12,6 МИЛИОНИ ЕВРА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЈП ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ИМ ДОЛЖИ НА ОПШТИНИТЕ 12,6 МИЛИОНИ ЕВРА

    Јавното претпријатие за државни патишта им должи на општините 12,6 милиони евра за периодот од 2013 до 2015 година. Државната ревизија утврдила дека ова ЈП не го почитува Законот за јавни патишта во делот на распределувањето на парите што се плаќаат за употреба на јавни патишта.

    „ЈП за државни патишта во периодот од 2013 до 2015, односно во периодот откако функционира како јавно претпријатие, трансферира по 300.000 илјади денари до единиците за локална самоуправа, иако 50% од остварените средства од 3.350.226 илјади денари, за периодот од 2013 до 2015 година, изнесуваат 1.675.138 илјади денари”, стои во ревизорскиот извештај за работата на ЈП за државни патишта.

    Ревизорот укажува дека по закон, од собраните средства од надоместокот за употреба на јавни патишта за моторните и приклучните возила што се плаќа при регистрација на возилото, односно од патната такса од регистрација, половината треба да им се распореди на општините односно градот Скопје за да им послужи за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици.

    „Со извршената споредба на средствата на средствата кои јавното претпријатие имало обврска да ги трансферира на општините и средствата кои се трансферирани, се добива разлика на помалку трансферирани средства во износ од 775.138 илјади денари, што не е во согласност со член 60 став 4 од законот за патишта”, констатира ревизорот и му препорачува на ЈП за државни патишта да префрла пари на општините на годишно ниво и по закон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира