3.504 македонски граѓани се изјасниле како Бугари на пописот од септември минатата, за кој што резултатите беа објавени денеска. Тоа е 0,19 отсто од населението во Македонија.
Дека бугарскиот им е мајчин јазик на пописот пријавиле 1.519 граѓани, што е 0,08 отсто од населението во земјата.
Како Торбеши се попишале 4.174 граѓани, а над илјада има и Египќани (2.406), Хрвати (2.145) и Црногорци (1.023). Како Југословени се попишале 344 македонски граѓани.
Во Македонија се попишани 1.836.713 граѓани, а во дијаспората 260.606, за вкупна бројка од 2.097.319.