КАКО ТАКА БЕЗ ОПСТРУКЦИИ ОД ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ДОНЕСОА ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК, А НАД ДВЕ ГОДИНИ Е БЛОКИРАН ИЗБОРОТ НА УСТАВНИ СУДИИ, ВЕЛИ КАЦАРСКА

    КАКО ТАКА БЕЗ ОПСТРУКЦИИ ОД ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ДОНЕСОА ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК, А НАД ДВЕ ГОДИНИ Е БЛОКИРАН ИЗБОРОТ НА УСТАВНИ СУДИИ, ВЕЛИ КАЦАРСКАПоради блокади во Собранието, Уставниот суд еден период функционираше преполовен бидејќи на дел од членовите им истече мандатот, а не можеа да бидат избрани нови. - Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска (Фото: СДК.МК)

    Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска вели дека е фрапирана како тоа се донесоа измените на Кривичниот законик без никаква опструкција дури ни од опозицијата, а од друга страна повеќе од две години не може да се комплетира Уставниот суд поради блокади во парламентот.

    Одговарајќи на новинарски прашања за време вчерашното одбележување на Денот на независноста – 8 Септември, таа констатираше дека политичарите си тераат таму каде што им одговара, а каде што сакаат да прават опструкции, тогаш ја блокираат државата.

    „Навистина сум фрапирана како тоа се донесе закон, без никаква опструкција дури ни од опозицијата, а од друга страна две години и веќе неколку месеци не може да се изберат судии на Уставниот суд, не може да се комплетираме. Што значи каде што им одговара на политичарите не се прават опструкции, така се тера, таму каде што сакаат да прават опструкции може да ја блокираме државата“, рече Кацарска.

    Поради блокади во Собранието, Уставниот суд еден период функционираше преполовен бидејќи на дел од членовите им истече мандатот, а не можеа да бидат избрани нови. Сè уште е заглавена кандидатурата на Јавниот обвинител Љубомир Јовески. Опозицијата ги блокираше кандидатите со опструкции во Комисијата за избори и именувања.

    Измените на Кривичниот законик со кои се намалија казните за службените лица, што отвора пат за побрзо застарување на кривичните дела на функционерите беше донесен за само два дена во Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира